Историјат и демографија

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

 

 

ОПШТИНА ЛОЗОВО

Оваа новоформирана општина во изминатиот период, административно припаѓа на територијата на Општина Свети Николе, што значи дека и таа зафаќа дел од просторот на Овче Поле, односно дел од сливот на Светиниколската Река, поточно во средното сливно подрачје на Брегалница. Таа припаѓа на источниот регион на Р. Македонија и се граничи со општините: Свети Николе, Велес, Градско и Штип. Преку неа односно низ нејзиното централно место Лозово, кое е и седиште на општината поминува главниот пат од Велес за Штип, како и железничката линија во истиот смер.

Територијата на Општина Лозово зафаќа површина од 16.500 ха и се вбројува во помалите просторни целини како општина. Карактеристика на општината е што се одликува со поретка населеност, односно просечна густина на населеност 17,5 жители на км(17,5 ж/100 ха).

Во општината има 11 населби, вклучувајќи го и седиштето Лозово и тоа: Дорфулија, Каратманово, Милино, Коселари, Сарамзалино, Аџиматово, Ѓуземелци, Кишино, Бекирлија, Аџибегово. 

Освен седиштето на општина Лозово, Лозово кое според пописот брои 941 жител, најголемо населено место е Дорфулија со 757 жители. Во 1994 година вкупниот број на жители во општината е само 2916, а 1981 година бројот на жители бил 3514. Во истата 1994 година, во сите населби имало 836 домаќинства со 3,4 члена во едно домаќинство. Според националната структура, во населбите во општината живеат претежно македонци, но дел од популацијата е и турско население. Во селото Бекирлија живее само турско население, во Кишино само албанско, а во Дорфулија и Милино, населението е етнички мешано со македонци, турци и албанци. 

Селата во општината се мали, со помалку од 300 жители (7 населби), три населени места се средни по големина, а едно населено место е со повеќе од 800 жители. Во однос на оддалеченоста од главниот пат на 5 км. се наоѓаат 6 населби, на 5-10 км се 4 населби, а само 1 на растојание поголемо од 10км.

Местоположбата на населеното место Лозово и конфигурацијата на теренот овозможува убави визури кон соседните ридови и висорамнини. Теренот е зафатен со ниска вегетација и нема поголеми природни пејзажни вредности. 

 

ДЕМОГРАФИЈА

  • Население - Во населеното место Лозово, при извршената инвентаризација и податоците добиени од терен, во јули 1997 година, се евидентирани 942 жители.
  • Национална структура - Локалното население во Лозово е еднонационално - Македонци.
  • Демографско движење - Во Лозово се пресликани карактеристиките на демографските движења во Регионот. Стапките на пораст се во постојан пад од повоениот период до денес, а во конкретниот простор е забалежан и помал број на жители. Лозово има негативно миграционо салдо, посебно изразено во периодот  1961-1971 година и е мошне поголемо од Републичкиот просек. Во првиот период, причина е иселувањето на турското население, а во вториот, мотивите се од економска природа. Внатрешните миграции се на линија село-град и се на релативно кратки релации. Најголем број доселени семејства се во периодот од 1970-1980 година, најчесто од Паланка. Во последните години бројот на населението стагнира со мали негативни осцилации и тенденција на опаѓање.
  • Структура на населението по возраст - Старосната структура на населението во основа е определена со интензитетот на природниот пораст (наталитет, морталитет) и механичкото движење на населението. Според компаративната споредба на статистичките показатели од пописот на население од 1994 година и податоците од терен во седиштето на Општина Лозово има вкупно 296 деца од кои 66 деца се на предучилишна возраст и 230 на училишна возраст. 

Општина Лозово

ул. Маршал Тито бб

+389 32 458 458

opstinalozovo@opstinalozovo.gov.mk

Пон - Пет: 7:30 - 15:30

Последни новости

Асфалтирање на 10 улици

 Изградба на бушотинас за бунар во село дорфулија

Фасада на ООУ ММ Брицо

Следете не

Copyright © 2018. Сите права се заштитени. Designed by Elkom Group | www.elco.eu.mk