Е К О Н О М И Ј А
Отворена детска градинка “Срцко”
На Светскиот ден на човековите права, потврдуваме дека за нас сите граѓани се еднакви, дека за нас сите граѓани треба да уживаат исти права, вклучително и децата. Децата во Лозово ќе имаат исти услови како децата во големите градови. Инвестираме во предучилишното образование, затоа што тоа ја гради основата на еден млад детски организам кој понатаму во текот на своето образование треба да прерасне во градител на нашата татковина. На 10.12.2020година ја отворивме градинката „Срцко“ која има капацитет да згрижи 32 деца, поделени во две групи. Инвестиција на Министерството за труд и социјална политика во износ од 13 милиони денари.
Денес (12.12.2019 година) заедно со Претседателот на советот на општина Лозово Душан Ѓорѓиев и раководителот на подрачната единица на МЗШВ Дејан Гичев ја посетивме фирмата Уни-Агро во општина Лозово, која гради фабрика за производство на сточна храна. Разговаравме за динамиката на градење и почеток на производство, како и за мерките на Владата на Р.С Македонија која ги донесе за земјоделците и земјоделските фирми и искористувањето на средствата од ИПАРД програмата. Ова е прва инвестиција во нашата општина, но и пример и поттик за останатите земјоделци да вложуваат во земјоделието искористувајќи ги средствата од ИПАРД програмите.