01/04/2021
Започна со работа новата детска градинка ,,Срцко" со која општина Лозово го реши долгогодишниот проблем со сместување на дечињата од предучилишна возраст како и за дечињата до две години. Градоначалникот на Општина Лозово им посака топло добредојде и убав престој на сите дечиња и честитки за ново вработените со многубројни игри, песни и насмевки.
05/03/2021
Светски ден на енергетиката!
Светскиот ден на енергетиката го одбележуваме со завршените проекти во кои инвестиравме како општина во енергетска ефикасност.
1.Поставена е термоизолациона фасада на централното училиште М.М-Брицо;
2.Поставена е термоизолациона фасада и термоизолационен покрив на мултифункционалниот културен центар;
3.Поставена е термоизолациона фасада на градинката ,, Срцко".
Примената на енергетската ефикасност е од огромно значење, и од економски и од еколошки аспект. Пресметките покажуваат дека со имплементација на солидни енергетски ефикасни решенија едне субјект може да ја намали потрошувачката на енергија и до 40%, а притоа да го задржи истиот квалитет на живот. И понатаму ќе продолжиме да инвестираме и да ги поддржуваме сите инцијативи, бидејќи покрај економските придобивки не смееме да ги изоставиме позитивните ефекти кон животната средина. Инвестирај во енергетска ефикасност - диши чист воздух!
25/02/2021
Посветено вложуваме да ги подобриме капацитетите на ЈКПД Лозово со една цел, да биде претпријатие во служба на граѓаните. Вложуваме во набавка на нова механизација континуирано во изминатите три години како управуваме со локалната самоуправа, со која ЈКПД Лозово ќе може да ги извршува самостојно, подобро и поквалитетно своите активности. Изминатите три години вложивме доста енергија ова јавно претпријатие да го направиме вистински сервис на граѓаните. Бројот на сезонски работници се зголеми, набавивме нови рачни и моторни косилки, трактор со приколица, цистерна, равнач, мулчер, метларка, набавиме нова заштитна униформа и опрема за вработените. Денес набавивме и нов камион-цистерна кој исто така ќе биде во функција на ЈКПД Лозово за миење на улиците во нашата општина, како и за потребите на противпожарното здружение.
29/01/2021
Посветено вложуваме да ги подобриме капацитетите на ЈКПД Лозово со една цел, да биде претпријатие во служба на граѓаните. Вложуваме во набавка на нова механизација континуирано во изминатите три години како управуваме со локалната самоуправа, со која ЈКПД Лозово ќе може да ги извршува самостојно, подобро и поквалитетно своите активности. Изминатите три години вложивме доста енергија ова јавно претпријатие да го направиме вистински сервис на граѓаните. Бројот на сезонски работници се зголеми, набавивме нови рачни и моторни косилки, трактор со приколица, цистерна, равнач, мулчер, метларка, набавиме нова заштитна униформа и опрема за вработените. Денес набавивме и нов багер кој исто така ќе биде во функција на ЈКПД Лозово. Наредната недела пристигнува и новиот камион.
10/12/2020
Денес на Светскиот ден на човековите права, потврдуваме дека за нас сите граѓани се еднакви, дека за нас сите граѓани треба да уживаат исти права, вклучително и децата. Децата во Лозово ќе имаат исти услови како децата во големите градови. Инвестираме во предучилишното образование, затоа што тоа ја гради основата на еден млад детски организам кој понатаму во текот на своето образование треба да прерасне во градител на нашата татковина. Денес ја отворивме градинката „Срцко“ која има капацитет да згрижи 32 деца, поделени во две групи. Инвестиција на Министерството за труд и социјална политика во износ од 13 милиони денари.
09/07/2020
10/06/2020
Општината добива нов модерен и урбан лик. За прв пат од постоење на општината имаме НОВА функционална општинска зграда со парк со сите потребни услови за работа на општинската администрација за брз сервис и ефикасна услуга на граѓаните. Овозможуваме подобри услови за сите граѓани. Нашата работа и активност се далеку подобри и поубави од она што беше оставено пред да дојдеме да ја раководиме локалната самоуправа. Наследивме локална самоуправа во која времето беше застанато , повеќе од 20 години општинската администрација работеше во три мали простории сопстветност на МЗ Лозово. Градиме инфраструктура за сите – вложуваме во иднината и самоодржливоста! Разликата е голема.
09/06/2020
Општината добива нов модерен и урбан лик. Нашата работа и активност се далеку подобри и поубави од она што беше оставено пред да дојдеме да ја раководиме локалната самоуправа. Наследивме локална самоуправа во која времето беше застанато , додека сѐ останато се распаѓаше. Ние имаме спротивен, европски пристап. Овозможуваме подобри услови за сите граѓани. Инвестираме во изградба и реконструкција на улици и патишта, вложуваме во реновирање и изградба на нови училишта и градинки ги подобруваме условите за живот во руралните средини. Градиме инфраструктура за сите – вложуваме во иднината и самоодржливоста!
Реконструкција на фудбалски терен
Меѓународен ден без автомобили
Доделување на парична помош за првоодделенци
Санација на урбана опрема и заштитна ограда
Градинката "Рахилка Гонева" во сопственост на Општина Лозово