СОВЕТ НА ОПШТИНА ЛОЗОВО
2021-2025
ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЛОЗОВО
- Орданчо Вучковски
- Елена Илиевска
- Фросина Димитрова
- Дејан Стоименовски
- Дејан Боризов
- Дијана Стојановска
- Сузана Јовановска-Илиева
- Зоран Иванов
- Владе Миланов
НАДЛЕЖНОСТИ НА СОВЕТОТ:
- го донесува Статутот на Општината и други прописи;
- го донесува буџетот на општината и годишна сметка на Општината;
- ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината во рамките утврдени со закон;
- основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
- именува членови во управните одбори на јавните служби кои ги основа;
- усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби кои ги основала Општината;
- ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на Општината;
- одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење во согласност со законот;
- ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби кои ги основала општината;
- одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината во согласност со закон;
- го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината во согласност со закон;
- го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
- може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот;
- донесува Генерален урбанистички план;
- донесува детален урбанистички план и урбанистичка документација за населено место во општината;
- донесува Програма за уредување на градежното земјиште;
- донесува Програма за одржување на сообраќајната сигнализација;
- донесува Одлука за регулирање на режимот на сообраќај;
- донесува Програма за изградба и одржување на локални патишта и улици;
- донесува Програма за јавно осветлување;
- донесува Одлука за начинот на превоз во градскиот и приградскиот сообраќај;
- го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на неговото користење;
- определува имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти од локално значење;
- врши и други работи утврдени со закон.
КОМИСИИ И ТЕЛА ПРИ СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЛОЗОВО 2021 – 2025