Градоначалник

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

 

БИОГРАФИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ     

bc

Бошко Цветковски роден е на 02.05.1985 година во Велес.

Основно училиште завршува во родното Лозово, а средно образовние го завршува во СУГС Владо Тасевски-ПТТ во Скопје, каде се стекнал со две дипломи за завршено образовние, ПТТ техничар и електротехничар за електроника и телекомуникации. Високотo образовние го започнал на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, каде се стекнал со звање: Дипломиран правник со 180 ектс, отсек Применета политика и дипломатија, модул: Европско право. Завршува и втор факултет на Универзитетот Гаврило Романович-Державин, Св.Николе, каде се стекнува со звање: Дипломиран правник, Казнено право 240 ектс.

Бошко Цветковски е вработен во Министерство за информатичко општество и админстрација. Ја извршувал функцијата член на советот на Општина Лозово во периодот од 2013 до 2017 година. Има одлично познавање на Англиски и Руски јазик и основни познавања на Шпански и Француски јазик. Тој исто така има одлични познавања на повеќе компјутерски програми и вештини.

Бошко Цветковски е градоначалник од 04.11.2021 година.

 

 

НАДЛЕЖНОСТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

  • Ја претставува и застапува општината;
  • Ја контролира законитоста на прописите на советот;
  •  Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
  •  Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
  •  Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;
  •  Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
  •  Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
  •  Го извршува буџетот на општината;
  •  Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
  •  Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
  •  Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
  •  Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
  •  Раководи со општинската администрација;
  •  Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
  •  Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот;
  •  Врши други работи утврдени со закон и со статутот. Ја претставува и застапува општината.

 

 

Општина Лозово

ул. Маршал Тито бб

+389 32 458 458

opstinalozovo@opstinalozovo.gov.mk

Пон - Пет: 7:30 - 15:30

Последни новости

Асфалтирање на 10 улици

 Изградба на бушотинас за бунар во село дорфулија

Фасада на ООУ ММ Брицо

Следете не

Copyright © 2018. Сите права се заштитени. Designed by Elkom Group | www.elco.eu.mk