24/06/2021
Јавен оглас до невработени лица за вклучување во Јавни работи
1) Се повикуваат невработените граѓани на Општина Лозово, кои се евидентирани невработени во агенција за вработување-Центар за вработување Свети николе со ниски квалификации, доколку сакаат да бидат вклучени во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво истите да поднесат пријава во општина Лозово.
2) Работно ангажирање на невработени лица за Јавни работи ќе се спроведува преку општина Лозово за кои е неопходно 20 работника за временски период од 22 работни дена.
3) На ангажираните лица им се предвидува финансиска подршка во износ од 400 денари по работно ангажирано лице, дневно, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
4) Правата и обврските ќе се уредат со склучување на посебни договори.
5) За време на Јавните работи работно ангажираните лица не ги губат правата по основ на невработеност (на корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош).
6) Заинтересираните невработени лица од точка 1 од овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат од 24.06.2021 г. најдоцна до 30.06.2021г. во општина Лозово. Пријави во врска со Јавниот оглас може да се подигнат во општина Лозово. одлука со ранг листа на примените лица ќе биде објавен по завршување на огласот на огласната табла на општина Лозово.
Детални информации може да се добијат во општина Лозово, контакт телефон: 032/458-458.