Почна изградбата на пинг-понг маси

Започна изградбата и поставување на урбана опрема-пинг понг маси на отворено на територијата на општина Лозово. Урбан, спортски и забавен дел ќе добијат Дорфулија, Каратманово, Милино и Лозово. Ново и за сите генерации.
Општина Лозово се сака со

Поставување на пинг - понг маси
Во тек е поставување на урбана опрема пинг - понг маси на отворено на територијата на општина Лозово. Урбан, спортски и забавен дел ќе добијат Дорфулија, Каратманово, Милино и Лозово. Ново и за сите генерации.
Изградба на нова спортска сала
Градежната офанзива во Општина Лозово продолжува. Започнуваме со изградба на спортска сала за потребите на ООУ “Методи Митевски-Брицо” во Општина Лозово, со што за прв пат од постоењето на општината ќе имаме нова спортска сала. Проектот е целосно финансиран од Министреството за образование и наука и се очекува во текот на оваа година да биде целосно завршен. Општина Лозово се сака со ♥.
Проект за парк во Лозово
Зборот е збор! Ветеното го исполнуваме!
Изработивме проект за парк во Лозово, кој го ставаме во развојните програми за 2021 година, инвестираме во урбанизирање и разубавување на нашата општина, инвестираме во здрава животна средина. Продолжуваме со изработка на проектни документации и спремни за нова градежна офанзива. Можеме уште повеќе и уште подобро!
Општина Лозово се сака со 
Од оваа сабота, 10 октомври 2020, во Овчеполието започна уште еден значаен проект со цел претставување и прикажување на културното наследство на овој голем и плодороден регион. Општина Лозово и Продукцијата „Аристон“ од Свети Николе започнаа со подготвување на книга за животот на Овчеполската ѕвезда Атиџе Муратова. Првиот ден започна со средба на градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски и Атиџе Муратова со Дуле Јанев и Никола Ристевски од Продукција „Аристон“. Заедно ги посетија Црквата „Света Петка“ во Лозово, турбето „Јусуф Деде“, стариот параклис и џамијата во Лозово, а до крајот на денот Атиџе имаше прилика да доживее туристичка прошетка и во соседната Општина Свети Николе. Книгата за животот на Атиџе Муратова ја пишува и уредува м-р Никола Ристевски, извршен директор во Продукција „Аристон“ и научен соработник при Институтот за Култура и Уметност на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Фото – репортажата при работата е во рацете на директорот на фотографија во Продукција „Аристон“, Дуле Јанев. Општина Лозово е покровител на проектот, а по печатењето на книгата средствата од продажбите на истата ќе бидат собирани во посебен фонд на Атиџе Муратова. Покрај биографската работа, Ристевски и Јанев во соработка со Градоначалникот на Општина Лозово подготвуваат и уште неколку важни проекти за претставување и прикажување на убавините на Овче Поле.
Продолжуваме интензивно на подобрување на урбаниот лик на општината. Општина Лозово добива нова урбана слика. Во соработка со ЈКПД Лозово и во текот на наредниот период продолжуваме континуирано со хортикултурно уредување на општината. Во тек се изградба на нови и обнова на стари зелени површини со тревни садници и цветни аранжмани.
Општина Лозово се сака со

Канализациона мрежа во с.Сарамзалино
Тампонирање на улици
Прв училишен ден во 2020 година
Ваучери за пензионери за набавка на мини колички
Партерно уредување на црквата во с.Ѓуземелци
Изградба на детска градинка во завршна фаза
Крводарителска акција 03.12.2020
Рестартирање на ФК Работник
Предлози за поубаво Лозово
Средба со жителите на с.Милино
Набавка на специјализирано возило за потребите на ЈПКД Лозово
Посета на ООУ ММ Брицо Лозово и Детската градинка Рахилка Гонева
Увид во просториите на новата детска градинка
Книга за животот на Атиџе Муратова
Еколошка акција
Отварање на детска градинка "Срцко"
Работна средба со приватни компании
Посета на ООУ ММ Брицо Лозово
Средба со жителите на с.Сарамзалино
Благодарница од фестивал на детски песни
Регионални ревии на песни во организација на ЗП Лозово
Посета на Атиџе
Петар Ангеловски освои прво место на фестивал за детски песни
Посета на семејството Сам
Ваучери од 3000 денари за сите првоодделенци
Хортикултурно уредување на Општина Лозово
Решавање на проблем со вода во с.Каратманово
Авионско прскање за заштита од комарци