Започна со работа новата детска градинка ,,Срцко"
Започна со работа новата детска градинка ,,Срцко" со која општина Лозово го реши долгогодишниот проблем со сместување на дечињата од предучилишна возраст како и за дечињата до две години. Градоначалникот на Општина Лозово им посака топло добредојде и убав престој на сите дечиња и честитки за ново вработените со многубројни игри, песни и насмевки.
Светски ден на енергетиката!
Светскиот ден на енергетиката го одбележуваме со завршените проекти во кои инвестиравме како општина во енергетска ефикасност.
1.Поставена е термоизолациона фасада на централното училиште М.М-Брицо;
2.Поставена е термоизолациона фасада и термоизолационен покрив на мултифункционалниот културен центар;
3.Поставена е термоизолациона фасада на градинката ,, Срцко".
Примената на енергетската ефикасност е од огромно значење, и од економски и од еколошки аспект. Пресметките покажуваат дека со имплементација на солидни енергетски ефикасни решенија едне субјект може да ја намали потрошувачката на енергија и до 40%, а притоа да го задржи истиот квалитет на живот. И понатаму ќе продолжиме да инвестираме и да ги поддржуваме сите инцијативи, бидејќи покрај економските придобивки не смееме да ги изоставиме позитивните ефекти кон животната средина. Инвестирај во енергетска ефикасност - диши чист воздух!
Посветено вложуваме да ги подобриме капацитетите на ЈКПД Лозово со една цел, да биде претпријатие во служба на граѓаните. Вложуваме во набавка на нова механизација континуирано во изминатите три години како управуваме со локалната самоуправа, со која ЈКПД Лозово ќе може да ги извршува самостојно, подобро и поквалитетно своите активности. Изминатите три години вложивме доста енергија ова јавно претпријатие да го направиме вистински сервис на граѓаните. Бројот на сезонски работници се зголеми, набавивме нови рачни и моторни косилки, трактор со приколица, цистерна, равнач, мулчер, метларка, набавиме нова заштитна униформа и опрема за вработените. Денес (25.02.2021) набавивме и нов камион-цистерна кој исто така ќе биде во функција на ЈКПД Лозово за миење на улиците во нашата општина, како и за потребите на противпожарното здружение.
Општина Лозово се сака со

Отворање на детска градинка “Срцко”
Денес на Светскиот ден на човековите права, потврдуваме дека за нас сите граѓани се еднакви, дека за нас сите граѓани треба да уживаат исти права, вклучително и децата. Децата во Лозово ќе имаат исти услови како децата во големите градови. Инвестираме во предучилишното образование, затоа што тоа ја гради основата на еден млад детски организам кој понатаму во текот на своето образование треба да прерасне во градител на нашата татковина. Денес (10.12.2020година) ја отворивме градинката „Срцко“ која има капацитет да згрижи 32 деца, поделени во две групи. Инвестиција на Министерството за труд и социјална политика во износ од 13 милиони денари.
Општина Лозово се сака со

НАБАВЕНА НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА
Посветено вложуваме да ги подобриме капацитетите на ЈКПД Лозово со една цел, да биде претпријатие во служба на граѓаните. Вложуваме во набавка на нова механизација континуирано во изминатите три години како управуваме со локалната самоуправа, со која ЈКПД Лозово ќе може да ги извршува самостојно, подобро и поквалитетно своите активности. Изминатите три години вложивме доста енергија ова јавно претпријатие да го направиме вистински сервис на граѓаните. Бројот на сезонски работници се зголеми, набавивме нови рачни и моторни косилки, трактор со приколица, цистерна, равнач, мулчер, метларка, набавиме нова заштитна униформа и опрема за вработените. Денес набавивме и нов багер кој исто така ќе биде во функција на ЈКПД Лозово. Наредната недела пристигнува и новиот камион.
Општина Лозово се сака со 



Општината добива нов модерен и урбан лик. За прв пат од постоење на општината имаме НОВА функционална општинска зграда со парк со сите потребни услови за работа на општинската администрација за брз сервис и ефикасна услуга на граѓаните. Овозможуваме подобри услови за сите граѓани. Нашата работа и активност се далеку подобри и поубави од она што беше оставено пред да дојдеме да ја раководиме локалната самоуправа. Наследивме локална самоуправа во која времето беше застанато , повеќе од 20 години општинската администрација работеше во три мали простории сопстветност на МЗ Лозово. Градиме инфраструктура за сите – вложуваме во иднината и самоодржливоста! Разликата е голема.
Општина Лозово се сака со

Општината добива нов модерен и урбан лик. Нашата работа и активност се далеку подобри и поубави од она што беше оставено пред да дојдеме да ја раководиме локалната самоуправа. Наследивме локална самоуправа во која времето беше застанато , додека сѐ останато се распаѓаше. Ние имаме спротивен, европски пристап. Овозможуваме подобри услови за сите граѓани. Инвестираме во изградба и реконструкција на улици и патишта, вложуваме во реновирање и изградба на нови училишта и градинки ги подобруваме условите за живот во руралните средини. Градиме инфраструктура за сите – вложуваме во иднината и самоодржливоста!
Општина Лозово се сака со

За овие 2,5 години во општина Лозово реализиравме голем број на проекти и докажавме дека
#МОЖЕМЕ работите да ги придвижиме кон подобро. Го менуваме ликот на општината! Еве дел од проектите кои се реализирани:
- Во с.Каратманово асфалтирани се 4 улици;
- Извршена е рехабилитација на патниот правец с.Каратманово-кл.Експресен пат Велес;
- Во с.Дорфулија асфалтирани се 5 улици;
- Во с.Дорфулија тампонирани се 5 улици;
- Во с.Дорфулија изграден е одводен канал за атмосферската канализација;
- Во с.Дорфулија извршена е реконструкција на дел од фасадата на подрачното училиште;
- Во с.Дорфулија извршена е реконструкција на дел од спортскиот терен со замена на спортски реквизити;
- Во с.Сарамзалино за прв пат е изградена канализациона мрежа;
- Во с.Сарамзалино за прв пат е изградена (асфалтирана) главната улица;
- Во с.Аџиматово изработен е проект за асфалтирање на главната улица;
- Во село Ѓузумелци започнуваме со изградба на проектот за партерно уредување на црквата Свети Ѓорѓија;
- Во с.Ѓузумелци завршена е постпката за отпочнување на изградбата на канализациона мрежа;
- Во с. Ќоселери завршена е постпката за отпочнување на изградбата на канализациона мрежа;
- Во с.Милино тампонирани се 5 улици;
- Во с.Милино-Лозово извршивме санација на ударните дупки;
- Изграден е локалниот пат с.Милино-с.Каратманово (прва фаза) во должина од 3.8км;
- Извршивме приклучување во канализациона мрежа во 180 домаќинства по донесената одлука за приклучок за 2000 денари;
- Го опремивме ЈКП Лозово со нова механизацијата за прв пат после 30 години;
- Поделивме контејнери од 120л на секое домаќинство во општината;
- По завршување на тендерската постапка ЈКП Лозово добива нов камијон-цистерна за миење на улиците;
- Засадивме 200 зимзелени и 100 листопадни дрвја;
- Градиме нови зелени површини со цветни аранжмани;
- Општина Лозово за прв пат има нова функционална општинска зграда со преубав парк;
- Градиме НОВА детска градинка за прв пат во нашата општина;
- Градиме нов модерен мултифункционален културен дом за прв пат во нашата општина;
- Изградивме нова урбана енергетска фасада на ООУ ММ-Брицо;
- Изградена е нова спортска училница во ООУ ММ-Брицо;
- Реновирани се канцеларии и училници во ООУ ММ-Брицо;
- Опремени се кабинети со смарт табли и кабинети за странски јазици;
- Изготвена е и предадена целата документација за изградба на нова спортска сала во ООУ ММ-Брицо;
- Изградени се нови урбани автобуски стојалишта;
- Изградени се нови пешачки патеки;
- Извршена реконструкција на пешачките патеки;
- Во Лозово асфалтирани се 10 улици;
- Во Лозово тампонирани се 2 улици;
- Во Лозово извршивме санација на ударните дупки;.
- Изградена е нова водоводна мрежа во урбан блок 9 во Лозово;
- Изградена е нова канализациона мрежа во урбан блок 9 во Лозово;
- Отворивме нова канцеларија за социјални работи;
- Отворивме нова канцеларија за потребите на земјоделците;
- Отворивме нова канцеларија на МВР;
- Нови простории за венчавки;
- Ги субвенционираме новороденчињата;
- Ги субвенционираме изградбата на црквите во нашата општина;
- Извршена промена со нов кров на домот на нашата хероина Атиџе;
- Ги субвенционираме трошоците за кирија и комуналии на ординациите во амбулантата;
- Доделивме ЕКГ апарат за потребите на амбулантата;
- Редовно се одржуваат полските патишта и редовно се чистат улиците во зимски услови;
- Поделено е државното обработливо земјоделско земјиште до 3 хектари и над 3 хектари кое стоеше неколку години необработено поради лажните инвестиции на СУБРАТА РОЈ со 20 000 крави;
- Во општина Лозово за прв пат имаме две инвестиции, едната е во завршна фаза (фабрика за сточна храна) и во завршна фаза се подготовките на изградбата на биогасната станица за производство на 2 мега вати струја;
- Во тек се изработка на основните проекти за асфалтирање на сите улици во с.Дорфулија, с.Каратманово, с.Милино, с.Сарамзалино и с.Аџиматово. Проект Општина Лозово без кал!
Општина Лозово се сака со

Реконструкција на тротоари
Фудбалска школа за млади
Реконструкција на фудбалски терен
Меѓународен ден без автомобили
Санација на ударни дупки
Доделување на парична помош за првоодделенци
Санација на урбана опрема и заштитна ограда
Градинката "Рахилка Гонева" во сопственост на Општина Лозово
Заштита на животна средина и почиста училишна средина
Македонија без отпад 2018
Отварање на продажен салон
Склучени договори за доделување на државно земјиште