Спорт и образование

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 
 
 
ОБРАЗОВАНИЕ
1. ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ
 
 
Градоначалникот одржа работен состанок со Директорите на ООУ “Методи Митевски-Брицо” во општина Лозово со кои извршија увид во наставата со физичко присуство на учениците. 
Децата се најголемото богатство!
 
Таблети на најуспешните ученици - учесници во програмата Еразмус +
На поканата на координаторката на Еразмус +, Светлана Стојковска од ООУ “Методи Митевски -Брицо” од општина Лозово, Градоначалникот имаше чест да подели таблети на најуспешните ученици кои се учесници во програмата Еразмус +, кои поради пандемијата немаа можност да посетат другарчиња од неколку земји од Европската унија, но продолжија со координаторите успешно да ја спроведуваат програмата и остануваат како дел од тимот кој ќе ја претставуваат нашата општина надвор од границите. Благодарност до сите учесници!
 
Вклучувањето во онлајн наставата во образованието, за мене како Градоначалник дава позитивни резултати. Со најмладите во општина Лозово споделивме различни мислења, со кои во иднина можеме заеднички да допринесеме во решавањето на дадените предлози за поквалитетно и постручно образование. Максимално се грижиме за сите граѓани на општината, но од најмладите можеме да слушнеме што треба за нив да направиме како локална самоуправа во услови на пандемија и како заеднички можеме да допринесеме во справувањето и заштитата од Ковид-19, како и надминување на сите предизвици во образовниот ситем во наредниот период. Младите се движечката сила на локалната самоуправа.
 
Градоначалникот го посети општинското училиште ММ-Брицо каде пом.директорката Милица Бансколиева го информираше за спроведување на наставата во услови на пандемија. Сите наставници треба максимално сериозно да пристапат кон личната заштита од Ковид во следниот период. Тие носат одговорност за сопственото здравје, но и за задравјето на учениците. Ја посети и детската градинка-клон Рахилка Гонева каде го информираа за тековното спроведување на наставата на дечињата. За да го сочуваме јавното здравје и да продолжи наставата со физичко присуство најважно од сѐ е да се почитуваат мерките за заштита. Ние и сите надлежни институции ја следиме внимателно ситуацијата на терен и реагираме навремено кадешто е потребно. Продолжениот викенд во соработка со ЈКПД Лозово ќе го искористиме за целосна дезинфекција на училиштето,  градинката и општинската зграда како и површините пред овие објекти. Од сите нас зависи!
 
Денес (25.12.2020 година) Градоначалникот заедно со веселиот Дедо Мраз поделија новогодишни пакетчиња на учениците од I до V одделение од ООУ “Методи Митевски-Брицо” во општина Лозово и на дечињата од предучилишна возраст од градинката клон на Рахилка Гонева. На сите ученици им посакаа многу здравје, среќа, успех и безгрижни детски денови во новата 2021 година
 
 
СПОРТ
 
За прв пат општина Лозово во програмата за спорт за 2021 година ќе додели 200 ваучери во вредност од 3000 денари за купен нов велосипед по објавување на повикот на систем прв дојден прв услужен. Се грижиме подеднакво за сите граѓани.
 
 
 

Општина Лозово

ул. Маршал Тито бб

+389 32 458 458

opstinalozovo@opstinalozovo.gov.mk

Пон - Пет: 7:30 - 15:30

Последни новости

Асфалтирање на 10 улици

 Изградба на бушотинас за бунар во село дорфулија

Фасада на ООУ ММ Брицо

Следете не

Copyright © 2018. Сите права се заштитени. Designed by Elkom Group | www.elco.eu.mk