Симни во ПДФ 1.Јавен повик за делегирање
Врз основа на Одлуката за делегирање на надлежностите на Општина Лозово за организирање на настан “Овчеполска жетва 2026” бр.0801-1078/1 од 09.06.2026 (Службен гласник на општина Лозово бр.8/26), и Правилник за начинот и постапката за делегирање и извршување на надлежностите од областа на културата бр.0801-1075/1 од 09.06.2026 год. (Сл.гласник на општина Лозово бр.8/26), Градоначалникот на општина Лозово, распишува:
Јавен повик за делегирање надлежност за организирање и реализирање на манифестацијата „Овчеполска жетва 2026“ на здруженија на граѓани и други правни субјекти
Се делегира надлежноста од областа на културата предвидена во Програмата за активностите на општина Лозово во областа на културата во 2026 година бр.0801-2044/1 од 09.12.2025 година донесена од Советот на Општина Лозово што се однесува на организирање, реализирање и менаџирање на манифестацијата „Овчеполска жетва 2026“ која ќе се одржи на 26.07.2026(недела).
Финансиските средства во висина од 500.000,00 денари за делегираната надлежност се обезбедени од Буџетот на Општина Лозово – Програмата за активностите на општина Лозово во областа на културата во 2026 година.
Кон пријавата здружението е должно да приложи:
- Решение за упис во централен регистар;
- Полн назив и адреса на субјектите кои ќе се вклучат во текот на реализирање на активностите од делегираната надлежност;
- Детален опис на активностите, носители и рокови за реализирање на делегираната надлежност – Програма на здружението за начинот и постапката за реализација на манифестацијата;
- Финансиска структура на активностите;
- Име, презиме на лицата ангажирани во реализирање на делегираната надлежност, нивна квалификациона структура и професионално искуство;
- Маркетинг план на настанот
Заинтересираните здруженија, пријавите со горенаведените прилози може да ги достават до Општина Лозово, во рок од пет (3) денови од денот на објавувањето на Повикот, во архивата на Општина Лозово или по поштенски пат на улица „Маршал Тито”, бб. 2208 Лозово, со назнака за „Комисија за делегирање надлежност за организирање и реализирање на културната манифестација „Овчеполска жетва 2026“.
Доставените пријави ќе ги разгледува тричлена комисија формирана од Градоначалникот на Општина Лозово. Комисијата при разгледување на пријавите за исполнување на условите ќе пристапи кон бодирање согласно утврдените критериуми кои се однесуваат на следното:
-соодветност на предлогот со условите од јавниот конкурс до 20 бода;
-капацитет на предлагачот, искуство во реализација на проекти, соодветност на лицата кои ќе учествуваат во реализирање на надлежностите по однос на образование и искуство, поставеност на систем на контрола на квалитетот и работењето до 40 бода; и
-план и програма за организирање и реализирање на манифестацијата до 40 бода.
Пријавите со непотполна документација и доставени по предвидениот рок, нема да бидат разгледувани.
За делегираната надлежност помеѓу Општина Лозово и здружението, ќе биде склучен договор во кој ќе се уредат меѓусебните права, обврски и одговорности за реализација на културната манифестација.
Пријавата може да се подигне од архивата на Општина Лозово или од Веб страната на Општина Лозово www.opstinalozovo.gov.mk
Општина Лозово
Градоначалник
Бошко Цветковски












