Градоначалникот на Општина Лозово објавува Соопштение за организирање на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.5 – шумски куќи, на КП 723 КО Ќоселари, Општина Лозово.
Јавниот увид ќе трае 15 дена, од 18.11.2026 до 04.12.2026 година, на службената веб страна на Општина Лозово и е-урбанизам [email protected]. Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења, со пополнување на анкетниот лист.











