Сите луѓе, вклучувајќи ги и лицата со попреченост во менталниот развој, имаат право да влијаат врз сопствениот живот и да уживаат еднакви права, без оглед на нивната способност, пол, вера, националност и др.

За лицата со попреченост во менталниот развој најчесто преовладува став дека не се способни да донесуваат одлуки и да влијаат врз својот живот, т.е. дека други треба да се борат за нивните права.
Со цел да се овозможи што поголема социјална инклузија на овие лица, се воочи потребата за нивно вклучување во процесите на одлучување поврзани со креирање и воспоставување на Службата за домување со поддршка.

Од јануари 2010 година, ПОРАКА НЕГОТИНО ги формира првите групи за самоопределување и самозастапување и отпочна со редовни работилници за едукација и стекнување на вештини на овие лица за да се застапуваат себеси.

Со отпочнувањето со работа на оваа програма за самоопределување и самозастапување на лицата со попреченост во менталниот развој сакаме да покажеме дека со пристојна поддршка и едукација, овие лица можат да стекнат вештини за самоопределување и самозастапување и со тоа активно да учествуваат во заштитата на сопствените права и подобрување на квалитетот на нивното живеење.

Општина Лозово

ул. Маршал Тито бб

+389 32 458 450

info@opstinalozovo.gov.mk

Пон - Пет: 8:00 - 16:00

Copyright © 2018. Сите права се заштитени. Designed by Elkom Group | www.elco.eu.mk